Saturday, December 19, 2015

Зошто не може да пробие Охридскиот рамковен договор

Зошто не може да пробие Охридскиот рамковен договор

За спроведување и одржување на еден ваков договор, пред се потребна е демократска политичка култура и традиција. Културата на еден народ, неговата традиција и обичаите не се периодични елементи на една држава кој се појавуваат и згаснуваат, тие се пренесуваат од генерација на генерација, Република Македонија петстотини години била под Османлиска власт и уште педесет и пет години како дел од СФР Југославија. Ова сето го пишувам бидејќи македонското општество за оваа временска рамка нема никаква демократска плураристичка култура, а за исполнување на ваков договор и те како е потребна. Македонското општество е заглавено во традицијата и конзервативизмот кој го носи во себе а ова не може да се промени преку ноќ, за да доживее една трансформација од аспект на културата кој ја носи во себе потребен е долг временски поредок. На едно вакво општество се потпишува Охридскиот рамковен договор кој во себе содржи изразити либерлани елементи и конзервативни елементи. Во самиот Охридски рамковен договор има судир на двете највлијателни и најспротиставени Идеологии : Конзервативизмот и Либерализмот. Македонија од своетое осамостојување цели кон демократија, либерални начела на државата, еднакви политички и граѓански права, се она што може да се опфати како либерализам. Во Охридскиот рамковен договор целејќи да се достигне до еднакви права се постигнува дискриминација на  истите права, во самиот охридски рамковен договор има точка која вели дека одреден процент од албанското население треба да биде вработено во институциите. Со оваа точка буквално се кршат сите индивидуални способностин и можности на граѓанинот, зошто? Па за вработување во една институција прво(според демократските и либерални начела, Р.Македонија кон тоа цели) се согледува колку е квалитетен и способен граѓанинот за да ја извршуваа таа работа, а не се гледа дали е Македонец, Албанец, Србин, Влав итн. со оваа точка буквално се крши секоја рационалност. Да земеме еден пример : „Во една институција се бара кадар од десетмина граѓани, притоа на конкурсот се пријавиле десет македонци и петмина албанци, сите десет македонци се повеќе обучени, поспремни и поквалитетни од албанските граѓани во однос на таа професија, е сега само затоа што во рамковниот договор пишува дека одреден процент треба да биде вработен од националностите , тројца граѓани од албанска националност ќе мора да вработени, а за сметка на тоа отпаѓаат тројца македонци кој се ПОКВАЛИТЕТНИ, вие со самото ова губите во однос на квалитетот и ефикасноста на продуктивноста и вршите дискриминација по етнички основ“(ситоацијата може да биде и обратна). Ќе земам еден пример во спортот. Во спортот „борење“ имаме европски шампион од Македонија кој е од албанската националност, во спортот ракомет бележиме успеси а ракометарите се од македонска националност, со ова сакам да кажам дека кога се гледаат квалитетите на поединецот резултатите се неизбежени. Но ова се гледа само во некои спортови, очигледно македонските политичари не знаат да го одвојат битното од небитното она што го вели Аристотел, наместо ова квалитативно селектирање да се врши во постулатие на државата како што се Економијата, Здравството, Образованието тоа квалитативно селектирање се врши во област која не е никаква движечкка сила на државата(спортот). Оние кои се најгласни и потписници на ракмовниот договор (политичките партии)и кои во повеќе наврати велат да не се дели народот по етничка основа, да бидат сите сплотени всушност тие вршат огромна поларизација, за ова ќе земам еден пример : „На локалните избори во 2013 година во општините Кичево и Струга најголемите партии од македонскиот блог(ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ) настапија на изборите со заеднички кандидат ,(иако во предизборната кампања се обвинуваа за криминали од најголеми размери) а истото го направија и најголемите политички партии од албанскиот блог(ДУИ и ДПА) кои излегоа со заеднички кандидат за локалните избори“ и сега после ваква постапка на водечките партии во македонија вие очекувате општеството да се сплоти, да доживее поголема хомогенизација, мислам дека е апсурдно да се очекува такво нешто. Како може во едно вакво конзервативно општество да се очекува дека би можело да пробијат либералните елементи и да се уништат сите бариери помеѓу граѓаните кога и самиот врв на државата ги дели на „ваши“ и „наши“. Епа драги мои се дури мора да јадеме грав во петок и останеме длабоко на дното во конзервативизмот со националистички жаргони во нас статус квото ќе остане во век и веков.

Wednesday, May 6, 2015

Поддршка за средношколците

Иднината е во младите генерации што следат, а не во оние кои што се во залезот.Гледајќи ги изјавите на нашиве министери во врска со екстерното полагање и со државната матура заклучувам дека тие се и глувонеми и слепи лица, бидејќи ако е само слеп ќе слушнеше што се случува, ако е само глув ќе видеше што се случува(ова го кажувам бидејќи јас го искусив полагањето со екстерно теститрање и државна матура). Кога ја враќам меморијата наназад кога јас го полагав фамозното екстерно полагање, прво што ми доаѓа на памет е дека покрај инспекторот кој шеташе горе долу по спратовите, имаше и професори (кои не чуваа) потпрени на вратите си дофрлаа до каде е инспекоторот, за да можеа учениците да си прават моабет за тоа како компир манџа се прави. Но да не бидам неблагодарен, навистина имаше голема контрола над ситоацијата што овозможуваше доколку нешто не ни биде јасно да го прашаме потпаролот(тој што ги имаше одговорите) кој беше во задолжен да ни помогнне доколку некаде заглавиме. Навистина импресивни оценки имаа послабите ученици, па така некој кој незнае дали Хителр учествувал во втора светска војна или конфликтот во Македонија од 2001 година добива 5ка историја на екстрено тестирање – импресивен податок, не е крив ученикот што професорот незнае да му го оцени неговото скриено знаење што го прикажува само на екстерно тестирање. Е сега доаѓаме до финалето на овој фамозен проект за „поквалитетно“ образование, ако на еден ученик кој има единица по еден предмет неможе да му се издаде сведителство за завршена (I,II,III,IV година)- тој треба да оди доплнително на полагање, но затоа може ученик кој добил единица на екстерено тестирање (која притоа се внесува во сведитеслтво) може да добие сведителство – Јебешга дупли стандари.Вака кога ги набројувам се присетив дека некои ученици од солидарност кон професорите(затошта со не сакаа 4-ка, сакаа 5-ка или затоа што ги нервираа) го завршуваа тестот во рекорден рок од 3 секунди со притискање на копчето крај, ги цитирам „таа мене ќе ме мачи цела година, нека јаде сега 10 % од плата“. Е да не испадне целиот товар да го носи екстерното тестирање, два збора и за државната матура, е на државната матура немавме потпарол туку имавме повеќемина адвокати кои ги добија сите случаии, е догодина кога ќе се воведе и математика како задолжителен предмет по три-четворица васко ефтовци ќе има по училниците. И секако тука се и фамозните компјутери кои најчесто се користеа за фаќање прашина и за добар гејминг на предавањата. Е после сите овие реченици погоре напишани(искусени во практика) го гледам министерот и го слушам -цитирам : „Екстерното тестирање беше успешно спроведено“ е сега кога ќе подразмислам, го барам причинителот за вавото однесување па најверојатнo, тој или има психолошко пореметување или мисли дека зборува со психолошки пореметени лица, тешко да е воторото. Текстов би сакал да го завршам со една порака до средношколците протестатни „на часови можете само да научите“.
                                               
Игор КиприновскиСтудент на политички студии

Wednesday, December 10, 2014

Државен испит за студентите или филм за оскар

Еве, моментално лежам во кревет со лап топот, слушам од надвор некој вресоци, свирежи па излегов на прозор, онака, да видам што се случува (она македонското, да фаќам сеир де). Гледам река од студенти кои се охрабриле да протестираат. Млади луѓе со индекси во рака си ги бараат правата, всушност бараат едно право, да се отфрли предлог законот за полагање на државен испит, а не повеќе, но добро ветерот се посилно дуваше така што ја расчисти долгогодишната магла, а се надевам на крајот сосема ќе ја снема, добро е, има надеж. Па си велам зошто кога имаме успешна државна матура, екстерно тестирање, во средно образование, да нема и државен испит за студентите, впрочем присетувајќи се кога полагав државна матура. Професорот едно време заборави дека е тестатор (ноќен чувар) па си придрема на клупата, туку едно време се разбуди па застана до вратата да види дали шефот ќе дојде да го провери, арно ама и шефот заборавил дека постојат повеќе спратови па така третиот го заборави – луѓе сме грешиме. Но затоа пак екстерното тестирање во средното образование е полн погодок, па така на некои ученици им се паѓаа прашања од минатите години, но добро затоа тука беше тестаторот за да ни помогне, ако нешто не ни е јасно да го прашаме тој до нас, зад нас, пред нас. Секоја држава си има свој специфичности, па така нас ни припадна привилегијата некој од учениците во своето сведителство да имаат и оценка 1 (незадоволително), добро де мала контрадикција. Следниот ден на вести Министерот за образование гордо вели дека Државната матура и Екстерното тестирање се успешно спроведени, а по неколку дена соопштува и среден просек за Екстерното, а со единица во сведителство ни со научна фантастика неможе да се израчуна среден просек. Е сега на списокот дојде и Државен испит за студентите, си велам покрај толку успешни реформи во образованието, гледајќи ги годините наназад, во ова немам никакви дилеми дека ќе биде успешно спроведено барем на хартија, хартијата е најважна, нели? Теоријата секогаш била поважна од праксата. Се тргам од прозорот и си велам, дали е ова ветерот што ќе ја расчисти долгогодишната густа магла или само нова приказна од која може да се изрежира новиот „Lord of the rings“. Како и да е, има надеж.

Игор Киприновски: Студент на политички студии